Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

Родителите имаат чудни навики да ги држат децата на затворено, во топла средина. Вие сте тие кои треба да ги создадете здравите навики на вашето дете, вели д-р Александар Сајковски, педијатар.

„Ако вие го научите детето од мали нозе да издржува ниски температури и студен воздух, детето ќе го практикува тоа и понатаму, односно неговиот центар за терморегулација ќе знае соодветно да реагира на ниските температури. Децата треба да излегуваат надвор, без разлика на овие ниски температури. Во сите европски земји, вклучувајќи ги скандинавските, кои се најтипичен пример, се препорачува секое бебе да излезе надвор минимум еден час сè до температура од -23 степени“, препорачува д-р Сајковски.

Слушнете ги деталните совети од нашиот педијатар во изјавата за утринската емисија на ТВ Нова.