Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

Брис кај децата се зема исклучиво кога детето има симптоми - долготрајна кашлица, воспалено грло, температура, жолто-зелен секрет од носот. Доколку овие симптоми траат подолго време, а заболувањето не се лекува, состојбата може да се комплицира и да се појави покачена телесна температура, слаб напредок на детето и ширење на инфекцијата во околните регии. Ограничување за возраста нема. Многу често брисеви се земаат и кај новороденчињата еден ден по раѓањето за да се открие дали постои присуство на бактерија. Брисот е задолжителен кога детето треба да тргне во градинка, за да се увиди дали е здраво и дали може да посетува настава. Доколку брисот е негативен и кај детето не постои никаква бактерија или инфекција ,тоа може да посетува настава.

Од каде и зошто се зема брис кај дечињата?

Кај децата најчесто се зема брис од носот и од грлото, кога имаат чести бактериски инфекции во грлото и во носот. По потреба се зема и од гениталните органи, очињата, устата и јазикот, ушите. Брисот не е неопходна постапка за поставување дијагноза и понатамошно лекување. Откако детето ќе оздрави се упатува на повторен брис со што ќе се увиди дали бактеријата е целосно излечена. Често брис се зема и на систематски прегледи или кога детето треба да се запише во градинка. Доколку се детектира бактерија постои можност таа да се прошири и кај другите деца во градинката, а со тоа да настане проблем кој тешко ќе се искорени. Таква бактерија е пиоген стрептокок, која се наоѓа во грлото. Оваа бактерија мора да се лекува со антибиотик од 11 до 12 дена.

А како се зема брис?

Оваа постапка воопшто не е страшна ниту, пак, трауматска за децата. Сѐ што треба да се направи е да се земе мал примерок од секретот од носот или грлото со тенко стапче кое завршува со памучен и мек дел. Потоа земениот брис се засејува во лабораторија и се чека по 48 часа за да се види дали постојат бактерии. Нема потреба од страв ниту од претходна подготовка, ова е рутинска постапка исто како и прегледот на грлцето. Детето ја отвора устата, а сестрата зема размаска. 

Кои бактерии се здравје, а кои болест?

За сите бактерии што ќе се најдат во носот не мора да се брза за да се почне со лекување со антибиотик. Постои нормална флора во носот што не је читаат во лабораторија. Патогените бактерии во одредена ситуација може да направат проблем. Треба да потенцираме дека и самиот наод од брис ниту поставува дијагноза, ниту, пак, отфрла дијагноза. Можно е во моментот на земање на брисот секретот да се лизне во грлото и бактериите да се најдат и во грлото. И обратно, ако има многу пиоген стрептокок во грлото, истата бактерија може и да се најде во носот.

 Во зависно од она што ќе се пронајде на брисот се препишува терапија на детето, но неопходни се и дополнителни испитувања. Брисот сам по себе не може да постави, ниту да ни отфрли дијагноза. Резултатот од ова испитување треба да се вклопи во клиничката слика и во другите лабораториски испитувања. Не е од пресудно значење за поставување дијагноза, но е пожелно. Понекогаш можно е резултатот на брисот да даде поинаква слика бидејќи сѐ зависи од начинот на земање, времето на земање и локацијата. Резултатите од испитувањето се добиваат за 24 часа кога се гледа дали има бактерија или не и уште 24 за да се одреди терапија.