Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

Патувањето со деца, особено кога одите на некоја подалечна дестинација, знае да биде и многу напорно. Родителите во ваквите ситуации се прашуваат што треба да направат за  да ги заиграат своите деца за да бидат мирни подолг период. Докажано е дека на децата не им е лесно да се возат долго во автомобил или автобус. Исто така, кога летаат со авион поради промените во воздушниот притисок децата се чувствуваат како да се заробени во авионот. Најчестите проблеми со кои се соочуваат се болка во ушите, температура, подуеност и вознемиреност. Ова симптоми  ги имаат и возрасните, но децата потешко ги контролираат, што води до вознемиреност за време на патувањето.

Добро да се опремите

Не размислувајте многу што ќе спакувате за да му обезбедите поудобно патување на вашето бебе, секогаш понесете повеќе од очекуваното. Наполнете ја бебешката чанта најмногу што можете и постојано држете ја до вас бидејќи не знаете во кој момент најмногу ќе ви се најде. Наполнете ја со пелени, креми, шишенца, влажни марамчиња итн. Доколку вашето бебе консумира вештачко млеко, обезбедете му го омиленото и земете две до три шишенца. Доколку сѐ уште доите, земете си ќебе или прекривка за да си обезбедите приватност при доењето. Исто така, цуцлата може да заврши голема работа, па затоа понесете си две, во случај едната да падне. Битно е да земете уште еден пар облека за бебето, но и за вас бидејќи не знаете какво изненадување ви подготвило вашето бебе.

Добро планирање

Понесете чанти за нечистите пелени на бебето и дезинфициенс за рацете. Облечете го во удобна облека, која лесно можете да му ја отстраните, а воедно да не му е ладно или топло во неа. Некои родители ги понесуваат и омилените играчки на децата со што им овозможуваат да се чувствуваат како да се дома. Бебињата не знаат да подголтнуваат или да го затнуваат носот со цел да ја ослободат болката во ушите предизвикана од воздушниот притисок и затоа цуцлата е добра замена при полетување и слетување.

За секој случај во авион

Уште еднаш потсетете се дека ги носите сите потребни работи во случај летот да биде одложен. Тоа подразбира вишок пелени, облека,  храна, марамчиња... Обрнете внимание на температурната разлика во авионот пред да полета и по неговото полетување и земете дополнителна облека за вас и за вашето бебе.

Совет

Не секое бебе може лесно да се адаптира на секоја состојба. Пробајте разни начини за да му го разубавите патувањето на бебето. Доколку летате со авион, движите се низ авионот. Ако патувате со автомобил, правете чести паузи и прошетајте го вашето бебе на воздух.  Обезбедете му играчки, шишенца со млеко, зборувајте му со позитивен тон, така на вашето дете ќе му овозможите порелаксирачка и помалку стресна атмосфера. Но, понекогаш ниту еден од овие совети нема да ви успее. Ако патувате со авион,  не обесхрабрувајте се бидејќи многумина се или биле родители на бебиња и комплетно ја разбираат вашата состојба. Продолжете да бидете смирени и позитивни.