fbpx

Вашето малечко сè повеќе наликува на бебе. Не само поради тоа што се развиени сите внатрешни органи туку и според изгледот на кожата и веќе оформениот лик. Детето има развиен дневен ритам, па можете да забележите како се изменуваат периоди на негова интензивна активност, послаба активност и мирување. Неговото срце сега може да се чуе и со слушалка. Бебето има ориентација додека се движи низ вашиот стомак!

Важно:
Најголемиот број трудници со гестациски дијабетес немаат никакви забележливи знаци и симптоми, затоа кај речиси сите бремени жени треба да се направи скрининг за гестациски дијабет во периодот од 24. до 28. гестациска недела. Мал број  жени имаат низок ризик за гестациски дијабет, па затоа не мора да бидат тестирани. Во таа група на жени спаѓаат жени под 25 години, со телесна тежина во здрави рамки, без историја за дијабет во фамилијата, кај кои никогаш немало покачено ниво на шеќер, кои не родиле бебе со поголема родилна тежина  и доколку во претходната бременост немале компликации во бременоста што се асоцирани со дијабет.

 

Вашето бебе е со големина на диња

Просечната должина на бебето е околу 30 см, а просечната тежина околу 600 грама.

Бебе во 24. недела

Кожата на бебето добива розов сјај благодарение на формирањето на мали капилари

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Некои трудници имаат отечени зглобови и нозе. Пробајте кога седите или лежите да ги подигнете нозете благо нагоре. По одмор отоците би требало да се повлекуваат. Доколку отоците се интензивни и по одмор, веднаш консултирајте го вашиот гинеколог.

Расте косата на главата на бебето

Грчеви на нозете.

Болки во грбот

Linea nigra. Темнокафена линија што се појавува на средината на стомакот.

Појава на стрии.

Советуваме

Во текот на целата бременост од особена важност е да внесувате хранливи материи што помагаат за оптималниот раст на вашето бебе, но и за вашето здравје. Исфрлете ги од менито газираните сокови, тестенините и благите работи (колку што можете). На тој начин ќе бидете сигурни дека му го давате најдоброто.

Избегнувајте ги состојбите кои кај вас предизвикуваат напнатост и стрес.

Слушајте музика, вашето малечко може да ја слушне вашата омилена песна.