Како да ги заштитиме децата од повреди на главата?

Децата немаат страв од височини. Нивната љубопитност најчесто може да биде причина за сериозни повреди како последица на пад. Дополнителен ризик е што кај децата, за разлика од возрасните, не е доволно развиен инстиктот, па не го амортизираат падот со раце, туку паѓаат директно на глава. На оваа возраст дури и помала и полесна повреда на главата може да го доведе до прашање животот на детето. Причина за ова е што черепот на децата е многу потенок од оној на возрасните.

Не постои дете кое не паднало или не се повредило, но, сепак, родителите треба да преземат одредени мерки за да се минимизира ризикот од посериозни повреди.

Совет бр. 1 Не клацкајте ги децата на вашите колена. Нема родител кој не сака да му го прави ова на своето дете. Но, луѓето не се свесни дека мозокот на малото дете сè уште не ја пополнува целата празнина под черепот, па мозокот удира по внатрешните ѕидови начерепот. Ова, исто така може да биде сериозна трауматска повреда, слична на пад.

Совет бр. 2 Секогаш внимавајте каде ги оставате децата сами, без ваше присуство. Бидете сигурни дека доколкусте ги оставиле на кревет,стол или фотелја, истите сте ги заштитиле со перници.

Совет бр. 3 Децата под 2 години, во никој случај не смеат да бидат оставени сами.

Совет бр. 4 На децата под 5 години, не дозволувајте им сами да се качуваат и симнуваат по скали.

Совет бр. 5 Детето мора да носи безбедносна кацига додека вози велосипед, ролерки или скејт.

Совет бр. 6 Врзувајте ги децата со безбедносни појаси додека патуваат без разлика на должината на дестинацијата.

Совет бр. 7 Секогаш бидете во нивна близина додека сте надвор од домот или додека играат во паркот.