Загаден воздух, намален имунитет и настинки кај децата (Видео)

Веќе знаеме дека имунитетот кај малите деца е покревок од возрасните па затоа и е очекувано тие да се разболуваат почесто од нас. Пред да почнете да размислувате дали ќе се разболи и колку можат да бидат сериозни настинките, дознајте како преку природни состојки да го поттикнете имунитетот на вашето дете. Во видеото во прилог д-р Александар Сајковски дава стручни совети за превенција од сезонските настинки, начин на третман и компликации. Слушнете и како делува загадениот воздух врз детските дишни патишта.