Вродените деформитети се решаваат доколку се рано откриени (Видео)

Дисплазија на колкови, криво стапало и крив врат се трите најчести вродени деформитети кај новороденчињата. Откако родителите ќе ги забележат овие промени кај бебето првото прашање им е дали ќе може да се коригираат.

Д-р Маја Каличанин, ортопед во „Аџибадем Систина“ потенцира дека од големо значење е ортопедскиот скрининг  на новороденчето да се изведе уште во родилиште, за да може да се забележат навреме овие вродени деформитети. Во тој случај, родителите навремено ќе бидат известени за состојбата и ќе им се посочат вежби и други стручни совети кои ќе овозможат да се коригираат деформитетите. Во најголем дел од случаите, кај повеќе од 90% се решаваат конзервативно, а онаму каде не се постигнале резултати се применува хируршка интервенција.