fbpx

Вашето бебе станува сè поголемо, при што прави притисок на белите дробови, па  нормално е што чувствувате дека не можете да земете здив. Наглото растење на стомакот доведува до растегнување на кожата и појава на првите стрии. На нив не можете да влијаете целосно бидејќи во многу случаи генетската предиспозиција за појава на стрии е главната причина зошто тие се јавуваат и покрај напорите за хидратација на кожата. Во 22. недела хормоните буквално беснеат, па идните мајки имаат зголемено либидо. Дали редовно се фотографирате? Не заборавајте да оставите трајни спомени на кои ќе се сеќавате се задоволство.

 

Вашето бебе е со големина на папаја

Долго е околу 26 - 30 цм,  а тежи околу 450 грама. Секое бебе се развива индивидуално.

Бебе во 22. недела

Сè повеќе добива изглед на вистинско бебе.

Усните се оформени.

Очите се целосно оформени, но бојата на зеницата сè уште не е дефинирана (недостига пигментот на ирисот)

Продолжува развојот на мозокот.

Се развива чувството за допир.

Се развива панкреасот.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Зголемено либидо

Појава на стрии

Зголемен вагинален исцедок

Зголемување на телесна тежина

Тапи болки во грбот. Поради истегнувањето на лигаментите и мускулите, како и поради зголемената телесна тежина.

Потешкотии во дишењето. Матката притиска на белите дробови.

Советуваме

Прочитајте зошто треба да ги заборавите високите потпетици во бременоста.