fbpx

Преглед : Редовен полугодишен лекарски преглед.

Говор: Речникот наеднаш „експлодира“ : почнува да учи и до 12 збора дневно. „НЕ“  е главниот збор. Покажува на сопственото тело или делови од облеката кога ќе го прашаат. Себеси се нарекува по име.

Совет: Прашувајќи го едноставни прашања го стимулирате процесот за донесување одлука кај детето.

Свест: Го доловува значењето на зборот „СЕГА“

Фини движења: Ги избира плочките според формата и ги става во соодветните отвори. Расклопува поедноставна играчка и ја склопува. Отвора патент.

Груби движења: Оди со споени нозе. Оди по скали.

Хранење: Кога се храни веќе без проблем ја погодува устата. Да се одбегнува храна богата со шеќер поради превенција на забен кариес.

Облекување: Покажува кога се водени панталоните. Ужива да ги соблекува чевлите и чорапите и да отвора и затвора патент.

Спиење: Кога е подготвено за спиење носи и покажува играчка која го асоцира на спиењето (мало мече).

Свест: Свесно е за причината и последицата, но не и за опасностите при неговите акции. Отвора и затвора врата, но не сфаќа дека ќе ги фати прстите.