fbpx

Вашиот стомак станува сè поголем. Во третиот триместар се очекува и најголемото зголемување во тежина, па обидете се да се храните здраво. Дали веќе почнавте да размислувате за чинот на породување? Најчесто идните мајки помислуваат како ќе помине породувањето пред да заспијат, па тоа само ги намалува и така малите шанси за сон.

 

Вашето бебе е со големина на краставица

Просечната должина на бебето сега е околу 40, а просечната тежина околу 1300 грама.

Бебе во 30.недела

Кожата станува сè помазна

Мозокот интензивно созрева

Расте количината на масно ткиво под кожата.         

Многу бебиња во оваа недела заземаат положба со главата надолу и така остануваат сè до породувањето

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Киселини. Избегнувајте храна што ви прави киселини.

Отоци. Во бременоста најчесто може да се јават отоци. Следете ги отоците, ако се јават ненадејно или се премногу изразени, јавете се на лекар.

Неудобност. Големиот стомак ве прави да се чувствувате неудобно.

Недостиг на здив. Стомакот притиска на белите дробови.

Проблеми со спиењето, што доведува до замор.

Советуваме

Разговарајте со вашиот гинеколог за породувањето. Породувањето е најважниот момент во животот на секоја жена. Во најголем број случаи природното породување се одвива без компликации и затоа гинеколозите секогаш препорачуваат раѓање на детето по природен пат. Доколку породувањето не може спонтано да се изведе до крај, гинекологот препорачува царски рез.  Голем број жени инсистираат на породување со царски рез иако за тоа нема медицински индикации. Пред да донесете одлука треба да бидете упатени за предностите и недостатоците од овој вид породување.