fbpx

Близнаците Стеван и Алеш го добија братчето Давор

На 15 ноември малите и слатки  близнаци Стеван и Алеш го добија братчето Давор.  И за оваа  бременост, како и за претходната, задолжен бил д-р Митко Ивановски.

„И покрај тоа што се соочувавме со неочекувани моменти, двете бремености имаа среќен крај, Довербата целосно ја препуштивме на стручноста, професионалноста и хуманоста на нашиот најдобар доктор.Д-р Ивановски за возврат ни врежа насмевки во нашите срцa“ – истакна мама Виолета и тато Александар.  

Семејството Богичевиќ истакна и голема благодарност до целиот тим на „Аџибадем Систина“ кои со стручноста и негата придонеле да ги имаат најубавите спомени.

Тимот на Acibadem Sistina Baby им посакува безгрижно и среќно детство на тројцата мали палавковци.