fbpx

6. месец

Свест: Може да предвиди причина и ефект: тропа со тропалката и таа произведува звук.

Говор: Се учи да произведува звуци со менување на обликот на устата.

Совет: Обидите се да не зборувате со него на „бебешки јазик”. Употребувајте обичен говор.

Фини движења: Седи само. Во седечка позиција се обидува да дофати предмет.

Груби движења: Одржува рамнотежа додека седи благодарение на јакнењето на стомачните мускули. Може да ползи напред буткајќи се со нозете.

Хранење: Може да се почне со воведување пилешка супа, а потоа и пасирано пилешко месо.

Заби: Долните централни запчиња избиваат околу 6-7 месец. Може да се јави оток на гингивата, со што бебето станува плачливо. Прстените за гингиви, кои може да се купат во аптека, треба да се изработени од цврста гума и да не се замрзнуваат.