Скрининзи

Задолжителни прегледи во бременоста

 

Во текот на бременоста треба да направите 10 прегледи доколку сте прворотка, а кај  повеќеротки 7 прегледи. Кај високоризични бремености и по потреба бројот на прегледи е поголем. Секој месец вашиот гинеколог ќе го следи крвниот притисок, тежината, крвна слика, анализата на урина и растот на плодот.  Прочитај повеќе 

Скрининзи

Најголемиот број трудници со гестациски дијабет немаат никакви забележливи знаци и симптоми на болеста. Токму затоа кај речиси сите бремени жени треба да се направи скрининг за гестациски дијабет во периодот од 24. до 28. гестациска недела. Мал број  жени имаат низок ризик за гестациски дијабет, па затоа не мора да бидат тестирани.  Прочитај повеќе 
 

Кардиотографија (CTG)

Кардиотографија (CTG) претставува паралелно електронско следење на работата на срцето на бебето и контракциите на матката. Се спроведува за време на бременоста како и во текот на породувањето. По препорака на гинекологот, најчесто CTG се прави во третиот триместар.   Прочитај повеќе 

 

Што треба жените да знаат за ПАП-тестот?

Се ближи денот кога, конечно, по девет месеци за првпат ќе го видитеи прегрнете вашето бебе. Кај некои жени во овој период се јавуваат отоци, раздразливост, умор. Но, набргу ќе дојде денот кога вие ќе станете мајка па сите проблеми во бременоста за вас ќе станат минато. 
28. и 29. недела, почнува третиот триместар од бременоста
Прочитај повеќе 
 

Фетална ехохардиографија

Феталната ехокардиографија е метода која овозможува откривање на вродените срцеви аномалии кај фетусот уште во најрана фаза од бременоста. Следејќи ги светските трендови, но и поради високиот процент на вродени срцеви аномалии кај неризичните групи на трудници феталната ехокардиографија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се наметна како рутински скрининг во пренатална дијагностика на структурните аномалии на феталното срце. Прочитај повеќе 
 

Амниоцентеза

Во зависност од количината на плодовата вода и од позицијата на постелката, амниоцентезата се изведува помеѓу 16 и 20 гестациска недела. Најдобро е да се направи помеѓу 16-18 гестациска недела, затоа што тогаш има најмногу фетални клетки за анализа. Се смета дека тогаш зафатот е најлесен за реализација, со најмал ризик, а резултатите од култивирање на клетките од плодовата вода се најдобри.
Прочитај повеќе