10 совети за здрава исхрана

Иако сте бремени, запомнете дека не треба да јадете за двајца. Двојното зголемување на калорискиот внес ќе доведе до поизразено зголемување на телесната тежина. Исто така, од голема важност е да се храните здраво, односно да го редуцирате внесот на состојките кои не се препорачуваат во секојдневната исхрана.

• Уживајте во разноврсна храна

• Белиот леб заменете го со црн, внесувајте многу житарици, овошје и зеленчук

• Јадете храна која нема многу масти

• Задржете добра телесна тежина и регулирајте го внесот на храна

• Не консумирајте алкохол за време на бременоста

• Внесувајте умерена количина шеќер

• Избегнувајте премногу солена храна

• На време грижете се за доењето – внесувајте многу млеко и природни овошни сокови

• Јадете храна која содржи калциум

• Консумирајте храна која содржи железо