Породување кое се памети
Нашата пациентка Јелена Стојковиќ со задоволство го сподели своето позитивно искуство од престојот и породувањето во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и истакна дека ќе биде пресреќна доколку повеќе луѓе го прочитаат. „Им препорачувам на сите идни мајки за себе да го бираат само најдоброто бидејќи секоја жена на светов заслужува породување и третман каков што имав јас“- вели Јелена.
„Најчеста реченица што ја слушав од моите пријателки кога беше во прашање породувањето беше ‘не грижи се, се тоа се заборава кога ќе го држиш детето в раце’. Раѓањето за многу од нив било кошмар. Токму поради тоа сакам да го споделам моето искуство, бидејќи благодарејќи на тимот од ‘Аџибадем Систина’, предводен од д-р Гордана Петровска, моето породување ќе го паметам до најситните детали и ќе се сеќавам на него како нешто најубаво што ми се случило во животот.
Уште на почетокот на бременоста бев сигурна дека за своето здравје и здравјето на моето бебе ќе оставам да се грижат стручни лица за кои сум слушала само позитивни коментари, и во ниту еден миг не се покајав за одлуката.
Имав високоризична бременост, не бев во можност да патувам и да доаѓам на редовните контроли, но постојано бев во контакт со д-р Петровска по вибер или на е-пошта. Ѝ благодарам на докторката што наоѓаше одговор за сите мои прашања, кои често беа непотребни и би рекла дури „глупави“. Д-р Петровска не беше само моја докторка која се грижеше за бременоста, таа беше мојот седатив.
Кога дојде долгоочекуваниот момент за породување, бев примена еден ден претходно за да ме подготват за чинот, но моето бебе беше нестрпливо и одлучи да дојде на свет тој ден.
Освен стравот, кој е неизбежен, особено кога сте првородка, јас таа ноќ имав паничен страв како ќе се породам кога мојата докторка не е тука. Подготовката во салата за породување траеше кратко, и на сред ноќ ја видов мојата докторка, која се појави со насмевка на лицето.
За еден час заврши сè, се роди мојот Лав, а прекрасните луѓе околу мене направија да се чувствувам како целиот свет да се врти околу мене и како јас да сум најбитна. Сите, апсолутно сите, од помошниот персонал, до бабацата, медицинските сестри и докторите овозможија таа ноќ и еве уште дваесет дена подоцна да не ја симнувам насмевката од моето лице.
Нема да ги откријам сите детали околу породувањето, околу тој магичен чин, затоа што сакам себично да зачувам нешто и за себе. Додека бев на интензивна нега, мојот сопруг и бебето веќе се запознале, а неколку часа подоцна се гушкавме сите тројца.
По породувањето, престојот во болницата ми беше вистински одмор. Армија од доктори и медицински сестри се грижеше за мене и за моето бебе. Овој тим нè подготви да излеземе од болницата со искуство и чувство како да сме биле родители цел живот. Немаше прашање на кое не добив одговор и токму затоа сакам јавно да им кажам ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ!
Им препорачувам на сите идни мајки за себе да го бираат само најдоброто, бидејќи секоја жена на светов заслужува третман каков што имав јас и многу мои пријателки.
Со љубов Јелена Стојковиќ