Mарко побрза да се запознаеме, гушкаме и сакаме...
"На 25.08.2017 се роди Марко и донесе светлина во животот на мама и тато.
Очекувањата беа да биде септемвриско бебе зошто крајниот термин за породување беше 10.09.2017, но сепак Марко побрза да се запознаеме, гушкаме и сакаме....
За бременоста на мама се грижеше д-р Гордана Петровска на која сме и неизмерно благодарни за целокупното внимание и стручност да и покрај одредени препреки кои се појавија на крајот се биде во најдобар ред.
Породувањето го изведе д-р Бобан Сарџовски. Нему, на целиот тим анестезиолози и педијатри од се срце им благодариме за одличната и брза организација, внимателност и трпеливост.
Сето ова ќе беше тешко изоден пат да не беше сестра Милена Буџаровска која е и клинички супервизор за квалитет на која неизмерно сме и благодарни за посветеноста, стручноста, професионалноста, трпеливоста и човечноста а пред се за утешните зборови и совети кои несебично ги делеше цели 3 месеци.
Таа е олицетворение на болницата Аџибадем Систина како професионална болница во која "пациентот е пред се". Повеќе од сигурни сме дека направивме најдобар избор каде ќе роди нашето бебе.
Неговиот живот е наша инспирација, зошто постоиме и зошто се бориме. Ние сме родители вљубени во своето бебе. Радоста и возбудата беа огромни кај бабите и дедовците, тетките и вујковците а посебно возбудени беа малите братучеди Андреј и Данило кој ветија дека ќе го сакаат и чуваат Марко како помал батко.
Со љубов, почит и бескрајна благодарност
мама Кате, тато Боби и сонцето Марче."
https://acibademsistinababy.mk/majkite-raskazaa-m/34-majkite-raskazaa/758-marko-kulevanov#sigFreeId41ecea948b