6. недела

Иако поминале шест недели, сепак,  бременоста е сè уште ново искуство за вас, па нормално е дека сè уште се чувствувате возбудено. Хормонските промени ве прават да се чувствувате како да имате ПМС, на моменти се чувствувавте тажно, замислено, а веќе другиот момент сè поминува. Голем број важни органи и функции почнуваат да се развиваат во шестата недела, како што е циркулаторниот систем и формирање на очите, внатрешното уво и усната празнина. Првите отчукувања на срцето на ембрионот се случуваат во оваа недела.


Вашето бебе е со големина на зрно грашок.

Во шестата недела вашиот ембрион е со  должина од 6 мм, а во следната недела ќе ја дуплира должината. 

Бебе во 6.недела

Ембрионот има формирано циркулаторен систем што ја движи крвта. Во оваа недела почнува да се развиваат носот, очите, ушите брадата и градите.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Замор – како резултат на хормонските промени и намалениот крвен притисок кој нормално се случува во бременоста, се чувствувате исцрпено и уморно.

Мачнини – Утринските мачнини, иако се најчести во утринскиот период, може да бидат присутни и во текот на денот.

Отечени и болни гради – како резултат на зголемената циркулација на крв. Вашите гради полека се подготвуваат за најубавата функција – доење.

Промени во расположение – главниот виновник се хормоните. Одморајте колку што можете повеќе и јадете здрава храна.

Советуваме

Дознајте која храна е безбедна за вас во текот на бременоста.

Прочитајте зошто е важно да земате фолна киселина

Сигурно имате милион прашања, дали е сè в ред, што се случува сега со бебето и сл. Запишувајте ги за да можете да го прашате вашиот гинеколог на следниот преглед.