15 недела

Во овој период вашето малечко прави движења во вашиот стомак, иако сè уште не сте го почувствувале првиот „удар“. Во второто тромесечје кај некои жени покрај зголемената енергија, се јавува и зголемено либидо. Сексот за време на бременоста не е забранет и не може да му наштети на плодот. Доколку има каква било причина за апстиненција од сексуални односи, вашиот гинеколог ќе ве информира. Како реагира партнерот на вашата бременост? Дадете му до знаење дека во овој период неговата поддршка е важна за вас.

Вашето бебе е со големина на портокал

Просечен фетус во 15. недела тежи околу 70 грама и е долг околу 12 сантиметри. Пропорциите на телото полека се нормализираат.

Бебе во 15. недела

Иако не чувствувате, вашето малечко е многу активно во стомакот. Голта од плодовата вода и ика

Зглобовите се формирани претходно, а сега тие и се движат

Коските стануваат сè поцврсти.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Можно е крвавење од носот. Се јавува како резултат на зголемениот волумен на крвта и осетливоста на носната слузокожа.

Киселини, гасови и проблеми со варење на храната.

Зголемено либидо.

Крвавење на непцата. Уште еден симптом поврзан со бременоста. Грижете се за вашите заби и посетете стоматолог.

Промени на вашата кожа – Заради зголемено лачење на хормонот мелатонин, одредени делови од вашата кожа можат да станат потемни, како што е кожата околу брадавиците, делови од лицето, како и линијата на стомакот од папокот до карличната коска. Изложување на сонце ги потенцира овие појави. По бременоста ќе исчезнат.

Советуваме

Бројот на инфекциите во текот на бременоста што можат да му наштетат и на плодот и на мајката е навистина голем. Редовните гинеколошки прегледи пред и во текот на бременоста и консултациите со вашиот гинеколог ќе ја намалат нивната појава и штетните ефекти по здравјето на мајката и идното новороденче.

Уживајте во бременоста.