26. недела

Во оваа недела можеби се чувствувате заборавено и расеано. Тоа е уште еден придружен знак на бременоста. Неможноста за  добар и цврст сон ве прави уморни во текот на денот, па гледајте да се одморите. Отоците на нозете се исто така присутни и во оваа недела. Во овој период внимавајте на одредени знаци што може да бидат симптом на состојба наречена прееклампсија (нагло отекување на рацете и нозете, тешки главоболки, намалено мокрење...). Ако забележите некој од овие симптоми, веднаш јавете се на лекар.

 

Вашето бебе е со големина на марула

Просечната должина на бебето сега е околу 35.6 см, а просечната тежина околу 760 грама.

Бебе во 26. недела

Кај вашето бебе се формирани нокти.

Наскоро ќе почне да ги отвора очите

Ги презема вашите антитела и го развива имунитетот

Голта од амнионската течност.

Белите дробови на бебето почнуваат да произведува сурфактант, материја што овозможува алвеолите да се полнат со воздух и спречува тие да колабираат.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Braxton Hicks контракции. На овој начин вашата матка се подготвува за породување. Ако ваквите контракции стануваат почести и посилни, обратете се на гинеколог.

Главоболки.

Расеаност и заборавеност.

Благо покачување на крвниот притисок. Ова е нормално во овој период од бременоста.

Отоци.

Советуваме

Запомнете дека не можете да планирате и контролирате сè што е поврзано со вашата бременост и периодот по тоа. Наместо тоа, фокусирајте се на здрава и редовна исхрана, редовни гинеколошки прегледи и секојдневна телесна активност, тоа е избор што на вашето бебе ќе му даде најдобар старт. Следете ги симптомите и уживајте во бременоста.