28. недела

Бебето вежба дишење во матката (издишува и вдишува голтајќи од амнионската течност). Спиењето оди сè потешко и потешко. Никако не можете да ја погодите вистинската положба. На почетокот на третиот триместар може да се појави колострум во вашите гради (првото млеко за вашето бебе кое е најхранливо).

 

Вашето бебе е со големина на модар патлиџан.

Просечната должина на бебето сега е околу 38 см, а просечната тежина околу 1000 грама

Бебе во 28. недела

Кожата станува сè помека

Сè повеќе се создава масно ткиво

Белите дробови се целосно развиени. Бебето дише исто како и по породувањето, но со тоа што сега вдишува и издишува плодова вода.

Излачува пола литар урина во плодовата вода и голта речиси исто толку плодова вода секој ден. Можеби чудно звучи, но бебешката урина е совршено стерилна.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Проблеми со спиењето. Како што прогресира бременоста, се зголемуваат причините за несоница (големиот стомак, хормоните, нервоза и сл.)

Проблеми со дишењето. Бебето притиска на белите дробови, па чувствувате дека не можете да земете здив.

Брекстон Хикс (Braxton Hicks) контракции.

Колострум. Градите почнаа да создаваат колострум – првата храна за вашето бебе.

Советуваме

Доколку сте бремени, ќе слушнете многу приказни за тоа како да го дознаете полот на бебето сè до трикови за полесно породување. Но, треба особено да бидете внимателни со митовите околу зголемувањето на телесната тежината и бременоста. Oдржувањето здрава телесна тежина е важно за намалување на ризици како гестациски дијабетес, кој се појавува само во бременоста, проблеми со крвниот притисок, па дури и прерано породување.