33. недела

Возбудени сте бидејќи со секој нов ден сте сè поблиску до денот кој толку многу го очекувате. Но, од друга страна сте и малку исплашени, особено ако  за првпат очекувате бебе. Симптомите што ги опишавме во изминатите недели се присутни и во оваа недела, кај некои тие се интензивираат. Секоја бременост е индивидуална, но постои едно заедничко правило – бидете ведри, насмеани и релаксирани. Знаеме дека големиот стомак, честите клоцања и придружните симптоми прават да се чувствувате уморно, расеано и неудобно. Фокусирајте се на вашето бебе и ќе успеете да ги надминете сите потешкотии. Вклучувањето на партнерот во домашните задачи е неизбежно доколку сакате да оставите простор за себе.

 

Вашето бебе е со големина на дуриан

Просечната должина на бебето сега е околу 43,7 см, а просечната тежина околу 1920 грама.

Бебе во 33.недела

Го координира дишењето со голтањето на амнионската течност

Белите дробови сè уште не се целосно созреани

Коските се зацврстуваат

Мозокот интензивно се развива

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Главоболка.

Проблеми со дишењето. Чувствувате дека не можете да земете здив. Вашето малечко притиска на белите дробови.

Расеаност и заборавеност.

Советуваме

Закажете го следниот преглед на кој треба да се земат брисеви за детекција на присуство на група стрептококи GBS бактерии кои може да предизвикаат инфекција на плодот за време на породувањето (кога бебето ќе мине низ родилниот канал).

Подготвувајте се за најубавата улога.