37. недела

Воздивнете длабоко. Во оваа недела вашето бебе се смета за терминско. Тоа значи дека доколку се роди, немате причина за грижа, бидејќи е целосно подготвено за живот во надворешниот свет. На вашето малечко му недостасува повеќе простор, па затоа неговите  движењата во матката стануваат се посилни.

 

Вашето бебе е со големина на зимска лубеница

Просечната должина изнесува околу 48 см а тежината е околу 2800 грама

Бебе во 37.недела

Лануго влакненца со кои е покриено телото полека исчезнуваат.

Белите дробови се веќе подготвени за функционирање.

Бебето вежба дишење.

Симптоми кои најчесто се присутни оваа недела

Уште многу кратко време и ќе заборавите на симптомите на бременоста. И во оваа недела голем дел од идните мајки имаат проблеми со киселини, честата потреба за мокрење, како и проблемите со спиење. Доколку имате стрии  во последните недели од бременоста можно е да забележите дека се појавиле нови. 

Советуваме

За кратко време, вашите мисли, чувства и емоции ќе се насочат кон вашето малечко. Пред да го запознаете, прочитајте ги основните карактеристики на новороденчето.