1. месец

Прегледи: Треба да правите редовни педијатриски контроли за првите 6 месеци.

Говор: Тивки грлени звуци кои се претвораат во почетоци на гугање кон крајот на првиот месец.

Меморија: Некои бебиња се навикнуваат на оброци во редовни временски интервали.

Совет:  Употребувајте едноставни и живи изрази. Обраќајте му се на бебето по име.

Груби движења: Наглите движења стануваат посмирени со созревањето на нервниот систем и неговата контрола врз мускулите. Повеќето акции се рефлексни (како цицањето и принесувањето стегнати тупаници до устата). Главата, доколку не се придржува, паѓа наназад. Моториката е изразена со алтернирачки флексорно-екстензорни (свиткувачко-истегнувачки) движења на екстремитетите.

Хранење:  Поголемиот дел од новороденчињата пијат 75-100 мл млеко на оброк.

Сетила: Сака благи миризби, меки ткаенини. Го смирува зборување со тивок глас и тивка музика.