8. месец

Говор: Имитира поширок дијапазон на звуци. Одговара на познати звуци со вртење на главата и телото.

Меморија: Се сеќава како да одговори на специфични фрази: ги подига рацете кога ќе слушне “опа!”

Фини движења: Ги отвора прстите само и може да испушти или фрли предмет.

Груби движења: Координацијата се подобрува и детето почнува да ползи, и тоа најчесто на почетокот ползи наназад.

Хранење:  Може да почне да пие од чаша, а сé помалку исипува. Храната сé уште треба да е добро пасирана.

Спиење: Се учи да биде будно. Ако се вознемири, тешко заспива.