13. месец

Свест: Со имитирање на акциите на возрасните учи дека предметите имаат своја функција. Игра со играчка телефон, онака како што возрасните го користат вистинскиот телефон.

Говор: Уште не изговара цели зборови, но ги дополнува со гестови : кажува „ТО“ и покажува кон топката.

Фини движења: Покажува со показалецот. Фаќа со два прста – палецот и показалецот.

Груби движења: Оди со раширени нозе, на широка основа и одржува рамнотежа со рацете.

Хранење: Вкусот за храна му е веќе формиран, изразува задоволство/незадоволство при хранење со одделни видови храна.

Заби: Некои деца веќе ги имаат долните и горните предни заби. Излегување на првиот прекатник може да предизвикува болка.

Свест: Сфаќа дека со сопствена акција може да предизвика дејство.