fbpx

За време на породувањето најбитно е да чувствувате дека сте во сигурни раце

На 29 мај се роди малиот Дариан Лазар, првата радост на мама Николина и тато Горазд. Со огромно задоволство мама Николина го раскажа своето искуство за престојот и негата што ги добила во „Аџибадем Систина“.
 
„Пред извесно време случајно дознав за рубриката 'мајките раскажаа', од моја пријателка која штотуку влезе во 9. месец и ме прашуваше за моето искуство. Бидејќи гледам дека идните мајки ги читаат овие содржини, сакав да го споделам и моето искуство. Имав потешко породување, а стравот дополнително се зголемуваше бидејќи се работи за прва бременост и прво бебе. Сакам да ја изразам мојата неизмерна благоданост за професионалноста, грижата и упорноста на д-р Златко Палчевски и акушерката Маги. За време на породувањето најбитно за секоја трудница е да се чувствува сигурно во рацете на докторите. Јас бев 100% сигурна во нивната стручност. Голема благодарност и до целиот персонал кој се грижеше за мене и бебето, ВРВНИ сте!“ – раскажа мама Николина.
 
Ѝ благодариме на Николина што своето позитивно искуство го сподели со нас.