Ми го олеснивте и разубавивте болничкиот престој – ви благодарам

На 29 мај се роди малиот Никола. Дада Маја и бато Драган со нетрпение чекаа да се запознаат со новиот член, нивното помало братче. Подеднакво возбудени и среќни беа и мама Александра и тато Ѓорѓи Начевски, кои изразија огромна благодарност за целиот професионален тим.
„Во 'Аџибадем Систина' сите се прекрасни. Вие сте единствени, секогаш сте подготвени на секој можен начин да го олесните и разубавите престојот во болница на сите нови мајки“- вели Александра.
Малиот Никола на свет го донесе д-р Никола Панчевски, за кој родителите велат дека е прекрасен доктор, вистински професионалец и одличен пријател.