Далечината не ни е пречка, го сакаме најдоброто за нашиот Вук

На 20 јуни се роди малиот Вук, правата радост на мама Даниела и тато Александар. Велат дека се презадоволни од д-р Слободан Лазаревски и д-р Гордана Петровска, тим на кој беспрекорно му веруваат и кој ги направил горди родители.   
Даниела и Александар се од Куршумлија, општина во Јужна Србија. Велат дека ниту далечината не била пречка да дојдат во Аџибадем Систина, бидејќи го сакаат најдоборото за своето дете.  160 километри не се ништо кога знаеш дека тука те чека стручен и професионален тим.