Добредојде Бисера

Последниот ден од месецот јуни во 2017 година за Ивана и Саше беше еден од најубавите денови во нивните животи. На свет дојде нивната мала Бисера. Гордите родители изразија голема благодарност до целиот тим на „Аџибадем Систина“. Велат дека сите членови на персоналот се единствени и прекрасни.
„Медицинските сестри и болничарите на секој можен начин, со нивната посветеност, се потрудија да ми го олеснат престојот во болница и периодот на заздравување. А најдобрите педијатри и сестри од неонатологија со најголема пожртвуваност се грижеа за нашата мала Бисера и ми помогнаа сигурно и самоуверено да влезам во мајчинството. Најголема благодарност изразуваме до д-р Корнелија Трајкова, која ја донесе Бисера на свет. Таа е одличен доктор, посветена и достапна за време на целата моја бременост. Со своите професионалност, стручност, грижливост и пријателски однос таа е најдобриот гинеколог која секоја трудница би посакала да го има“-објасни мама Ивана.