Мила си оди дома

Новата среќа на мама Емилија и тато Сашо сега има име – Мила. Втората радост на семејството Талевски се роди на 6 јули, а на свет ја донесе д-р Ана Кацарска, докторка за која тие имаат само пофални зборови.
„Д-р Кацарска беше одговорна и за мојата прва бременост, на свет го донесе Филип пред година и половина. Ѝ благодарам што повторно ме направи најсреќна мајка на светот“- вели мама Емилија.
Им благодариме на семејството Талевски што со нас ги споделија своите први фотографии.
Мила, имај безгрижно детство и уживај во прегратките на мама и тато.