Запознајте ја Јована

 
07.07.2017 стана најсреќниот ден за мама Андријана и тато Бојан. Се роди малата Јована, првата радост на семејството Жеваировски. Малата принцеза на свет ја донесе д-р Клементина Кузеска, за која родителите имаат само пофални зборови и комплименти.
„И покрај сите обврски што ги има персоналот во Клиничката болница 'Аџибадем Систина' тие секогаш се насмеани, позитивни и професионални“ – вели Андријана.