Имав комплетна доверба во д-р Лазаревски и д-р Петровска

Атина и Наум Белески на 28 јуни, во точно 10.46 часот, станаа родители за првпат на малиот убавец Јаков. На свет го донесе д-р Гордана Петровска, а за бременоста на мама Анита се грижеше д-р Слободан Лазаревски.
„Велат многу е важна енергијата со која ќе го донесете на свет вашето дете. Довербата во професионалноста на моите двајца доктори, д-р Петровска и д-р Лзаревски, како и на целиот тим на 'Аџибадем Систина', беше пресудна за моето спокојство при процесот на доаѓање на малото бебе на свет. Хуманиот и човечки однос на сите од сестри, болничари, хигиеничари, доктори, администратори... беше прекрасно искуство за нас. Тие не се само професионалци во вистина смисла на зборот туку пред сè се прекрасни луѓе. 'Аџибадем Систина'“ благодарни сме ви од сесрце“ – објаснува Анита Белеска.