Цимерите Матео и Павел си одат дома

Се родија во ист ден, беа во иста соба и заедно си заминаа дома. Матео и Павел на 16 јули донесоа радост во семејствата Спанџов и Илијоски. Малиот Матео е прва радост на Мартина и Воислав, а на свет го донесе д-р Јорданчо Иванов, а, пак, Павел прва радост на Тања и Бојан, на свет го донесе д-р Кован Костадинов.