Д-р Слободан Дракулевски ни го разубави животот

„На 11 јуни ја дознавме најрадосната вест во нашите животи. Се роди малиот Вангел, нашата прва радост. Иако со мала родилна тежина од 1200 грама, во 28. гестациска недела, бевме сигурни дека нашиот мал борец наскоро ќе си оди дома со нас“- раскажуваат Елена и Тони Димитриевски.

По 40 дена на неонатална интензивна нега, малиот Вангел си оди дома. Сега како големо момче, со тежина од 1840 грама.

„Им благодариме на д-р Слободан Дракулевски, на д-р Даниела Јованова и на целиот тим во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ за професионалноста и стручноста кон секој пациент“-велат родителите.