Д-р Митко Ивановски по третпат нè направи најсреќни родители

27 јуни мама Билјана и тато Бобан Ѓоргиевски ќе го паметат како уште еден од најсреќните денови во нивните животи.

„Д-р Митко Ивановски по третпат нè направи најсреќни родители. Му благодариме за  професионалноста, стручноста и пријателскиот однос. Докотор каков што секој пациент би посакал“- објаснуваат гордите родители.

Возбудата за новиот член во семејство не можеа да ја сокријат ниту најмалите членови, 9-годишниот Леон и 5-годишната Дора. Со насмевка и силни прегратки ѝ посакаа топло добредојде на малата принцеза Каја.