Марија е нашата среќа и спокој

„Со толку професионален тим, посветеност и грижа, ја поминав бременоста во позитивна енергија и елан.  Стручноста и пријателскиот однос на д-р Митко Ивановски ве прави да бидете опуштени бидејќи знаете дека сте во вистинските раце. Тука мораме да ја спомнам и сестра Сашка, на која ѝ благодарам за сета трпеливост и грижа... со насмевка на лицето Јулијана ни зборуваше за искуството во бременоста.

„ На 17 август се роди Марија. На свет ја донесе д-р Златко Палчевски, кому исто така од сесрце му благодариме што ни го разубави животот во тој миг кога пред нас видовме мало прекрасно бебе“,  велат Јулијана и Васко Учкови, кои заедно со нас ги споделија првите моменти на радост и среќа.

Им благодариме за прекрасните фотографии во нашето BABY катче.