fbpx

Mарко побрза да се запознаеме, гушкаме и сакаме...

"На 25.08.2017 се роди Марко и донесе светлина во животот на мама и тато. 
Очекувањата беа да биде септемвриско бебе зошто крајниот термин за породување беше 10.09.2017, но сепак Марко побрза да се запознаеме, гушкаме и сакаме....

За бременоста на мама се грижеше д-р Гордана Петровска на која сме и неизмерно благодарни за целокупното внимание и стручност да и покрај одредени препреки кои се појавија на крајот се биде во најдобар ред. 

Породувањето го изведе д-р Бобан Сарџовски. Нему, на целиот тим анестезиолози и педијатри од се срце им благодариме за одличната и брза организација, внимателност и трпеливост.

Сето ова ќе беше тешко изоден пат да не беше сестра Милена Буџаровска која е и клинички супервизор за квалитет на која неизмерно сме и благодарни за посветеноста,  стручноста, професионалноста,  трпеливоста и човечноста а пред се за утешните зборови и совети кои несебично ги делеше цели 3 месеци.

Таа е олицетворение на болницата Аџибадем Систина како професионална болница во која "пациентот е пред се". Повеќе од сигурни сме дека направивме најдобар избор каде ќе роди нашето бебе.

Неговиот живот е наша инспирација, зошто постоиме и зошто се бориме. Ние сме родители вљубени во своето бебе. Радоста и возбудата беа огромни кај бабите и дедовците, тетките и вујковците а посебно возбудени беа малите братучеди Андреј и Данило кој ветија дека ќе го сакаат и чуваат Марко како помал батко.

Со љубов, почит и бескрајна благодарност
мама Кате, тато Боби и сонцето Марче."