По 10 години Кристијан ја доби најубавата сестричка која што можел да ја посака

„Кога решивме да станеме родители по втор пат немаше дилеми на кого ќе ја подариме нашата доверба – на најпрофесионалната болница „Аџибадем Систина“, со целокупниот професионален тим. За нив имаме само пофални зборови и благодарност за пријатното искуство. Неизмерна благодарност од се срце и за мојата докторка Елизабета Матевска Атанасовска, за нејзината љубезност, пријателски однос, професионалност и позитивна енергија со која зрачи. Ми даде сила, ја разубави мојата бременост и на свет ја донесе нашата втора среќа, малата принцеза Михаела“ – објаснува гордата мајка Анета Мартинова.

Малата Михаела, покрај тоа што ги израдува мама Анета и тато Борче, донесе неизмерна среќа и во животот на 10-годишниот Кристијан. Тој ни раскажа дека 10 години посакувал сестричка, а сега ја добил најубавата што можел да си ја замисли.

Тимот на „Аcibadem Sistina Baby“ им посакува многу убави радосни и убави моменти на семеството Мартинови.