Секоја жена кога станува мајка ја добива највредната животна диплома

Марко, првата радост на семејството Попоски,  се роди на 15 август. Гордите родители Сoња и Ѓорѓи  изразија голема благодарност до д-р Михајло Поповиќ, за неговите професионалност, сигурност, трпеливост, пријателски однос и позитивна енергија, со што ја направил најубавата промена во нивниот живот.
Бескрајно сме благодарни и секоја чест за грижата, вниманието и советите коишто ги добивме од целокупниот професионален тим на Клиничката болница 'Аџибадем Систина'. Децата се најголемото богатство, а сега ние сме богати и горди родители. Секоја жена кога станува мајка ја добива највредната животна диплома. Почетокот на најубавите чувства и убавите моменти, со неизмерна среќа и солзи радосници засекогаш  ќе ги поврзуваме со Вашата адреса“- споделија мама Сoња и тато Ѓорѓи.