Донесовте огромна радост во нашиот живот

„Целиот тим на медицински сестри и доктори, болничари беа беспрекорно добри и од голема помош и едукација за нови родители какви што сме јас и Панче“ – објаснува Марија Угриноска Мишевски, која на 7 септември стана мајка на малата Анастасија.
Гордите родители истакнаа посебна почит и љубов кон гинекологот кој се грижел за нејзината бременост, д-р Јорданчо Иванов.
 
„Д-р Иванов е вистински професионалец, ни помогна без грижи да ја донесеме нашата прва радост, по една вонматерична бременост минатата година. Со нетрпение ја очекуваме нашата наредна авантура со вас бидејќи ни донесовте огромна радост. Ве сакаме од сесрце “-споделија со нас мама Марија и тато Панче.