Претходното позитивно искуство беше клучно за одлука

„Поради одличната соработка, посветеност и стручност на д-р Никола Баџаков, вниманието кое го имав од целиот тим на гинекологија и акушерство во првата бременост, без сомнение одлучивме втората бременост да ја довериме на иститот тим“- раскажуваат мама Наташа и тато Митре Ристови.
Малиот Петар, пак, е пресреќен за својата сестричка Ивона.