Се роди малата Ангела

На 6 ноември се роди малата Ангела, првата среќа во семејството на Емилија и Петар Поцкови.
Мајчинството и рожбата се благослов од Бога, а штркот, како што велат, доаѓа само во домот каде што има љубов и разбирање. Нашиот штрк дојде благодарение на целиот тим  на 'Аџибадем Систина' на чело со доктор Златко Палчевски, чии стручност, посветеност и огромно искуство помогнаа раѓањето и бременоста да поминат во најдобар ред. Ангела е сега нашата најголема среќа, заедно со таткото Петар сме сигурни дека вие, тимот 'Аџибадем Систина', ќе бидете дел од формирањето на нашата идна фамилија и здравјето на нашите деца“- напиша мама Емилија.
Ова се нивните први заеднички фотографии, им благодариме што ги споделија со нас.