Моменти кои ќе ги паметиме цел живот

Игор, Татјана и малиот Алек искрено и од сесрце ѝ се заблагодарија на д-р Клементина Кузеска и целокупниот високопрофесионален тим во „Аџибадем Систина“ кои учествувале при процесот на породувањето, за беспрекорната поддршка, професионалност, љубезност.

„Високо едуцираниот и обучен тим придoнесe моментот на доаѓањето на свет на новиот член да се доживее како посебен и да се запамети за цел живот. Голема благодарност и до тимот на врвни медицински сестри и педијатри кои несебично нè подготвија за идните секојдневни работи околу грижата, растот и развојот на нашето бебе“- раскажаа гордите родители.

Малиот Алек дојде на свет на 11 ноември и донесе огормна радост во семејството на Игор и Татјана.