Лана, најголемата радост на бато Владимир

На 28 октомври дојде на свет малата Лана, најголемата радост на бато Владимир. Тој со нетрпение ја очекувал помалата сестричка.

Гордите родители Ненад и Цеца велат дека се презадоволни и бескрајно благодарни на д-р Јорданчо Иванов, кој им бил поддршка во текот на целата бременост и породувањето.