Раѓањето на Софија – најпозитивното и најубаво искуство

Бојана и Даниел Димитриевски на 25 ноември станаа горди родители на Софија, нивната прва ќеркичка. За бременоста и породувањето одговорен бил д-р Слободан Дракулевски, кому родителите му се неизмерно благодарни.

„Д-р Дракулевски е најпрофесионалниот и најпосветен доктор што сме го запознале. Врвен лекар кој со својата стручност ни влеа силна доверба во текот на бременоста, но и на најбитниот ден за нас. Огромна благодарност и за акушерките Сара и Сузана, кои беа вистинска поддршка, но и на сите патронажни сестри и целиот персонал за љубезноста. Сите тие се одговорни и придонесоа чинот на доаѓање на новиот член во нашето семејство да биде најпозитивното и најубаво искуство кое ќе го паметиме цел живот“ – сподели семејството Димитриевски.