Ива, Лена и Неда – трите принцези на семејството Костови

„Месецот септември во кој досега се славеше мојот роденден, ќе биде месец за прославување и на уште два родендена во нашето семејство. Неда и Лена се родија на 5.9.2017 и внесоа двојна радост во нашето семејство“- сподели мама Маја Костова.

За доаѓањето на свет на малите близначки Лена и Неда најрадосна беше нивната поголема сестричка, тригодишната Ива. Родителите раскажуваат дека таа била главна и во изборот на облека и уредување на собата за бебињата. Малата Ива со нетрпение го чекала раѓањето на двете помали сестри за да има со кого да си игра дома. Сега трите ќерки се најголема гордост за мама Маја и тато Тони.

„За оваа бременост, како и за претходната беше задолжен д-р Михајло Поповиќ, кој во секој момент ја имаше ситуацијата под контрола. Огромна благодарност до него, до неговиот тим, како и до д-р Станка Танчева Крстевска, која во секој момент знаеше кое бебе колку се поправило, дали јадело и како напредува додека Неда и Лена беа под нејзина контрола на Оделот за интензивна нега во болницата. Огромна благодарност до сите вработени во болницата 'Аџибадем Систина' кои се грижеа за нас, да се чувствуваме пријатно и сигурно јас и моите две мали принцези“- напиша мама Маја.