Најубавиот новогодишен подарок

Наместо подарок под елката, во првиот ден од новата 2018 година Дедо Mраз одлучи Анастасија и Дејан да ги израдува со прекрасната мала Адеа.

За бременоста на мама Анастасија  и породувањето се погрижи д-р Никола Панчевски, доктор за кој родителите искажаа само пофални зборови.

И посакуваме на Адеа безгрижно детство и многу насмевки.