fbpx

По 8 години се оствари најголемиот сон на семејството Елмази

На 29 ноември Агим и Адмире добија не еден туку два агели, за кои чекаа 8 години. Во 33. гестациска недела од бременоста, по многуте пречки со кои се соочила брачната двојка во изминатиот период, Адмире на свет ги донесе близнаците Олти и Олта.

Гордите родители истакнаа огромна благодарност до д-р Јоранчо Иванов, кој две години им давал поддршка, совети и одговори на безбројните прашања кои следувале пред и за време на бременоста.

„Д-р Јорданчо Иванов имаше одговор на секое наше прашање за време на прегледот, но и прашањата кои ги поставувавме кога кај нас ќе се појавеше некоја грижа во доцните часови. Беше достапен 24 часа за нас, па дури и за време на годишните одмори. Искрена благодарност и до д-р Симонида Спасеска, која се грижеше за нашите близнаци додека беа на Одделот за интензивна нега. Достапни и љубезни во секој миг. Ви благодариме 'Аџибадем Систина' што ни го остваривте најголемиот сон“- напиша семејството Елмази.

Ги споделуваме нивните први фотографии и им благодариме за споделената приказна.