fbpx

Малата Лили - најубавиот божиќен подарок за Пане

На 3.1.2018 година во 38. гестациска недела на свет дојде Лили, второто дете на мама Росица и тато Веле Петрови. Постарото братче Пане, кој има 3 години, среќен и возбуден, точно на првиот божиќен ден дојде да ја однесе сестричката дома. Мајката Росица и оваа бременост, како и првата, целосно ѝ ја доверила на професионалноста и стручноста на д-р Елизабета Матевска-Атанасовска.

„Малку се зборови да ѝ се заблагодарам на најдобрата докторка Бети, како што би рекол мојот син Пане. Нејзината грижа и стручните совети низ целата бременост и нејзината професионалност и достапност во секое време се заслужни што денес дома ќе го донесеме најубавиот божиќен подарок за сите нас, малата Лили. Благодарение на неа, и двете бремености и породувања се најубавите доживувања во мојот живот“ – изјави Росица.

Пред да замине дома, семејството Петрови ги направи првите фотографии како четиричлено семејство во нашето BABY – катче.