Владимир си доби братче, се роди Михаил!

На 17 Јануари се роди малиот Михаил, а најрадосен за неговото доаѓање на свет беше малиот Владимир, кој со нетрпение чекаше да го запознае своето братче. Радоста за доаѓањето на најновиот член во фамилијата не ја криеја и мама Бојана и тато Драган. „За моите две бремености се грижеше најпрофесионално и љубезно д-р Павле Димчев. За 'Аџибадем Систина' би рекла дека е најубавото место за една родилка од каде што остануваат само убави спомени. Огромна благодарност!“ -  вели Бојана.

Михаил, добредојде во нашето големо Acibadem Sistina Baby семејство.Ти посакуваме безгрижно детство и многу насмевки.